|
Пребарување
|
|
Користете кирилица за успешно пребарување.
|
|
|
Содржини
|
|
|
| 40 години јубилеј | Здружението на правници на РМ 1968-2008 година
|
| Изминати активности | |
| Најнови изданија | |
|
|
 62-ра Средба на правници13-15 мај 2010 Струга, хотел Дрим
Tема на средбата:
Проблемите и судската практика во примената на законот за трговските друштва, на законот за јавните претпријатија, на законот за установите и законот за јавно-приватно партнерство и на нивните измени.
Здружението на правници на РМ во соработка со Министерството за економија и Комората на стечајни управници, поддржани од УСАИД /Проектот за деловно опкружување на 23-24 април 2010 година во Струмица, одржаа дводневна работна средба на тема :
„Доброто корпоративно управување - превенција од потенцијална неликвидност и инсолвентност на трговските друштва ”
На оваа Средба учество земаа: стечајни управници, стечајни судии, правници од трговските друштва и членови на Здружението.
Здружението на правници на РМ во соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители на РМ, поддржани од УСАИД /Проектот за деловно опкружување на 15-16 април 2010 година во Охрид, одржаа дводневна работилница на тема :
„Кривични аспекти на работењето на трговските друштва, тргувањето со хартии од вредност и стечајната постапка”.
На оваа работилница учество земаа: судии, јавни обвинители како и членови на Здружението.
Здружението на правници на РМ на 23 март 2010 година организираше Семинар на тема: Обезбедување на побарувањата Референти: Д-р Арсен Јаневски, редовен професор на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје Д-р Татјана Зороска Камиловска, доцент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје
Здружението на правници на РМ во соработка со Одделот за владеење на правото при Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, подготвија Збирка на судски одлуки. Збирката содржи различни правни прашања од областа на кривичното и граѓанското право кои се актуелни во домашната судска пракса и дополнителен помал дел кој ќе се однесува на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.
Други активности: На 26 февруари 2010 година се одржа седница на Собранието на Здружението на правници на Република Македонија и седница на Управниот и Надзорниот одбор на Здружението. На седницата на Собранието, по претходна расправа во рамките на Управниот и Надзорниот одбор беа усвоени: Извештајот за работа на Здружението за 2009 година и Финансискиот извештај за истата година со оценка дека успешно се работело и се постигнати значајни резултати. На седницата се усвои и Планот за работа и финансискиот план за 2010 година. По предлог на Управниот одбор на Здружениет, Собранието донесе одлука за зголемување на бројот на членови на Управниот одбор за тројца нови члена.
Нови члена на Управен одбор на Здружението на правници на РМ се: - Претседателот на Здружението на судии на РМ по функција - Г-дин Мислим Дачи секретар на гимназија „ Здравко Чочковски” од Дебар и - Г-дин Јовица Пешиќ секретар на АгроКуманово- Куманово.
За претлатниците на правник: Бесплатен пристап на 160 закони во интегрална верзија која ќе ви ја олеснат работата и ќе ви заштедат време и пари Не чекајте и искористете ја оваа можност Само претплатете се на стручното списание - ПРАВНИК
БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ! БИДЕТЕ ЕДУЦИРАНИ! СТЕКНЕТЕ БЕНЕФИЦИИ!
Доколку се уште се немате претплатено на ПРАВНИК кликнете на претплатницата, пополнете ја и испратете ни ја. Сите претплатници на Правник со измирени обврски спрема Здружението, се стекнуваат со право да добијат username и password за пристап до законите на ВЕБ страната на Здружението.
С О О П Ш Т Е Н И Е!!! ПОРАДИ ГОЛЕМАТА ДИНАМИКА ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА НОВИ ЗАКОНИ И ИЗМЕНИ И ДОПОНУВАЊА НА ПОСТОЈНИТЕ, НЕ СМЕ ВО МОЖНОСТ БРЗО ДА ГИ АЖУРИРАМЕ СИТЕ ПРОМЕНИ ПРИ ПОДГОТОВКАТА НА ИНТЕГРАЛНИТЕ ВЕРЗИИ НА ЗАКОНИТЕ.
|
Civil Justice Systems in Europe: Implications for Choice of Forum and Choice of Contract Law A Business Survey These are the results of a survey of 100 European businesses. The survey was conducted by the Oxford Institute of European and Comparative Law and the Oxford Centre for Socio-Legal-Studies.It was funded by Clifford Chance LLP and had the support of the European Justice Forum and theEuropean Company Lawyers Association (ECLA). The organization of the data collection and thecomputation of the final results was undertaken by Alexander Wulf MLB of the London School ofEconomics’ MSc programme on Social Research Methods.
Резиме од истражувањето на ECLA за внатрешните советници во компаниите од ЦИЕ (149kb)
|
 |
|
|
Претплатници Login
|
|
|
|
Најавен претплатник:
|
|
Ако сте претплатник на Правник овде може да се логирате за да добиете пристап до законите.
|
| Публикации | Содржина на најновиот број на Правник бр.217, Маj 2010
| Часопис за теорија и практика на правото Број 22, 2010 год
|
| Етички кодекс | ЕТИЧКИ КОДЕКС како неразделен дел од Статутот на Здружението на правници на Република Македонија
|
|