Користете кирилица за успешно пребарување.

Содржини

40 години јубилеј
Здружението на правници на РМ 1968-2008 година


Изминати активности
62-ра Средба на правници - Maj 2010
Tема на средбата:
Проблемите и судската практика во примената на законот за трговските друштва, на законот за јавните претпријатија, на законот за установите и законот за јавно-приватно партнерство и на нивните измени.

61ва средба на правници. Средбата на правници беше на тема: Правото на сопственост и заштитата 5-7 Ноември 2009

Тркалезна маса посветена на тема: Казнената камата по Законот за облигационите односи

60та средба на правници: Средбата на правници беше на тема: Облигации во практиката 28-30 Maj 2009

Дводневни работилници посветени на трговското право. 8-9 мај во Струмица, 15 и 16 мај во Охридскиот регион, 12 и 13 јуни во Охридскиот регион

Најнови изданија
Судски одлуки

најново издание


Судски одлуки








Здружението e член на:




Форми на делување


Меморандум за соработка

Bookmark and Share
Претставување

 

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (претходно од стопанството) е невладина организација со над 600 членови правници. Здружението постои и делува континуирано од 1968 година на територијата на Република Македонија.
Основано е во Скопје и е со долга традиција и добро реноме.

Согласно Статутот Здружението ја има следната внатрешна организација:

  • Претседател,
  • Собрание (го сочинуваат сите членови)
  • Управен одбор
  • Надзорен одбор
  • Извршен директор

Сите членови на овие органи и тела, освен Извршниот директор, функцијата ја остваруваат волонтерски.
Како невладина професионална асоцијација е во постојано истражување на нови полиња на делување што како потреба ги наметнува новото време, новата регулатива.

Цели и задачи
     
Правниците се здружуваат во Здружението со цел преку неговите активности и делувања

-да се обезбедува размена на информации меѓу правниците во државата за начинот на имплементацијата на законите, практиката и професионалната одговорност во практицирањето на правото;
- да се промовираат информации и да се разменуваат информации меѓу членовите за начинот на остварувањето на нивните професионални ангажмани, за одредени потешкотии, и добивање поддршка во остварувањето на нивните човекови права;
- да добиваат информации за правници од други земји членки на партнерски асоцијации на Здружението;
- да бидат вклучувани во работата на органите, секциите и другите форми на работа на Здружението;
- преку едукација во рамките на Здружението да ги усовршуваат своите стручни знаења од областа на правото;
- да ја изградуваат и надградуваат правната свест и логика, а со тоа да се прилагодат на потребите на времето;
- да добиваат информации за правото на Европската Унија, Советот на Европа, Светската трговска Организација и други меѓународни организации со чие делување се создава и гради меѓународниот поредок и правила на однесување во сферата на бизнисот, човековите права и граѓанскиот сектор;
- организирано да делуваат во изградбата и доградбата на правниот и политичкиот систем;
- со своето зголемено знаење и усовршување да дадат придонес во почитувањето и правилното толкување и примена на правната регулатива, со што ќе се придонесува кон владеењето на правото и правната држава;

Здружението ја поттикнува, координира и насочува активноста на правниците во функција на зголемување и збогатување на нивните стручни знаења, усовршување во работата, како би можеле преку едно заедничко делување и остварување на заедничкиот интерес да делуваат во изградбата, доградбата или менување на правниот и политичкиот систем на земјата и прилагодување на промените што ги носи времето како резултат на членство на нашата држава во Европската Унија, Светската Трговска Организација и Нато.

Здружението има за задача:

 - да ги претставува и застапува заедничките интереси на правниците од државата пред надлежните органи и организации во земјата и во странство;
 - се грижи за стручно и идејно усовршување на правниците во сферата на националното и меѓународното право;
 - да работи на подигање на правната свест; 
- да дава информации од базата на информации со кои располага, информации од правото на Европската Унија, Светската Трговска Организација, Советот на Европа и за прописите на други земји;
 - Преку користење на Интернет да истражува и прибира информации од областа на правото;
 - Обезбедува преводи на законски и подзаконски акти и други материјали;
 - давање информации за регулативата во Република Македонија од интерес за членовите;
 - соработува со асоцијации, здруженија и институции на други земји;
 - организира стручни советувања, семинари, предавања и други облици и форми на заедничка работа заради развивање и усовршување на правната теорија и практика;
 - Здружението е и форум за идентификација на одредени правни проблеми, дискусија по повод истите, промовирање на ставовите до кои е дојдено со што го дава својот придонес кон владеење на правото во рамките на глобалниот глас на правната професија;
 - Здружението е форум за отворен дијалог на членовите и фокусирање на прашања од заеднички интерес за членовите и граѓанското општество;
 - Здружението верува дека оставрувањето на човековите права е фундамент на секое општество, затоа, Здружението ќе работи на едукативни програми во сферата на легислативата на човековите права и слободи, и имплементација на стадардите и инструментите за нивна заштита и остварување;
 - Здружението ќе работи и на промоција и заштита на независноста на судството и правната професија
 - врши и други работи во функција на остварување на личните и заедничките интереси на правниците.
   
Форми на работа:
 
Своите цели и задачи, Здружението на правниците од стопанството на РМ ги извршува преку повеќе форми на делување. Пред се тоа се организирање на разни едукативни програми за правници, секции, семинари, стручни расправи, тркалезни маси и советувања. Како највпечатлив сегмент од работата на Здружението е традиционална Средба на правници што се организира двапати годишно веќе 38 години.

Посебни форми на работа што се утврдени и со Статутот на Здружението се :

  • СТО Информативен и тренинг центар
  • Националниот Информативен Центар за Трговско Право (NICCL), 
  • Сервисот за медијација и 
  • Клуб на правници.

 

Изданија

Во рамките на своите  редовни активности Здружението ги издава следните публикации:

  • Стручното списание ПРАВНИК, месечен магазин кој излегува континуирано од мај 1992 година до денес,
  • Часописот ДЕЛОВНО ПРАВО, излегува двапати годишно од 2000 година
  • Месечниот билтен за мали и средни претпријатија БИЗНИС НОВОСТИ, првпат издадено во јули 2003 година.Сега излегува само во електронска верзија.

Освен редовните изданија, Здружението публикува и голем број повремени изданија како брошури, водичи, прирачници и други публикации значајни за членовите на Здружението и пошироката јавност.


Членство во меѓународни организации и асоцијации

Здружението на правници на Република Македонија е членка на:

  • IBA - Меѓународна Правна Асоцијација;
  • ECLA (Европска Асоцијација на правниците во компаниите или внатрешни советници)
  • ILAC( Меѓународен Конзорциум за правна помош)


  English version
Претплатници Login
Username:
Password:
  Најавен претплатник: 
Ако сте претплатник на Правник овде може да се логирате за да добиете пристап до законите.
Претплатница

Публикации
Содржина на најновиот број на Правник бр.219-220, Јули - Август 2010


Часопис за теорија и практика на правото Број 22, 2010 год


Етички кодекс

ЕТИЧКИ КОДЕКС како неразделен дел од Статутот на Здружението на правници на Република Македонија